Масовно да излеземе сите заедно во недела во 13 часот на протестен марш во Каваадарци и да им порачаме дека кавадарчани заслужуваат да живеат подобро

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Зоран Јованчев, Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци

Почитувани кавадарчани,

Република Македонија е заробена од Зоран Заев и неговиот криминален картел на власт. Државата со Заев го достигна дното на секое поле. Економијата тоне, земјоделието е на колена, здравството и образованието колабираат, безбедносниот систем е целосно разнишан, а Заев ја понижува државата како на домашен така и на меѓународен план, а македонскиот идендитет доведен во прашање.

Заев за една година успеа да уништи се што се градело со векови. Тој бесрамно потпиша договор за промена на уставното име на Република Македонија а со истиот успеа трајно да ги загрози  македонските национални и државните интереси.

Наместо живот кој што го ветуваше, наместо зголемени субвенции за земјоделците, младинска гаранција за младите, плати од 500 евра, зголемен животен стандард за граѓаните, проекти, реформи и реализација на ветеното, Заев донесе чемер и јад.

Владата на СДСМ е ненадомеслива штета за кавадарчани, затоа мора да замине. Заев ниту знае ниту умее да работи. Заев не води грижа за потребите на граѓаните, а тие тоа го чувствуваат на своја кожа.

Граѓаните никогаш порано не живееле полошо од сега. Граѓаните се чувствуваат понижени продадени и несигурни.

Наместо Заев и СДСМ да работат за потребите и решавање на проблемите на граѓаните, тие работата единствено на личното богатење и луксузирање.

Затоа време е да кажеме сите заедно доста е. Ова мора да запри. А ние тоа го можеме. Ние кавадарчани еднаш кажавме дека не се сложуваме со погубните и катастрофални политиките на Заев и на СДСМ.

Кавадарчани заслужуваат разбирање за нивните ставови и спроведување на нивната волја.

Кавадарчани заслужуваат да живеат во подобро.

Ние можеме, ние мораме заедно да го спречиме осиромашувањето, беспреспективноста и уништувањето на државата.

Затоа ги повикувам сите кавадарчани, без разлика на политичката припадност, сите заедно сплотени, рамо до рамо, да дадеме поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и Претседателот Христијан Мицкоски и масовно  да излеземе во недела во 13 часот на мирен протестен марш во Кавадарци, кој ќе започне од кружниот тек Сашко Гешковски до спомен плочата и паметникот посветен на формирање на првиот комитет на ВМРО и заедно да им порачаме дека Македонија мора да оди напред и граѓаните заслужуваат подобро.

ВМРО-ДПМНЕ знае како.

ВМРО-ДПМНЕ има проекти и секогаш се води од работата и потребите на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се бори против ова зло во кое што живее секој еден граѓанин!

Македонија се буди, Македонија ќе победи, придружете ни се!

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...