Љупчо Николовски треба да е во функција на решавање на проблемите на земјоделците, а не е во функција на програмски уредник

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Љупчо Николовски

ВМРО- ДПМНЕ го потсетува министерот Николовски, дека истиот треба да е во функција на решавање на проблемите на земјоделците а не е во функција на програмски уредник кој отвора актуелни теми.

Истиот секогаш предвреме отвора теми, а му се губи трагата кога треба да реши некој проблем.

Господине министре наместо да отворате предвреме теми појавете се и решете ги проблемите со откупот на пченица кој е со депласирана цена од 8 денари ,а истата не се откупува ниту по таа цена. Отидете пред се во Свети Николско, Битолско како најголеми житници видете што се  случува, отидете во Струмичко, Валандовско Гевгелиско да видите како го заоруваат пред време бостанот заради ниските откупни цени, и таму ли пред време ја отворивте темата за откуп како  ниедна влада до сега?

Попусто го делите бостанот без пари во Крива Паланка, не се решава така проблемот .

Точно е господине министре делувате како ниедна Влада досега. Ниедна Влада досега не ги понижила, обесправила и осиромашила земјоделците како оваа вашата.

А за лозарите денеска ли се сетивте да им фрлате прашина во очи, кога за два дена ВМРО-ДПМНЕ има најавено митинг на кое незадоволството од вашата политика ќе го искажат илјадници граѓани, меѓу кои и лозарите. Многу провидно и наивно од ваша страна, си знаат земјоделците дека човек што не решил сто проблеми со сигурност нема да го реши ниту сто и првиот, а тоа сте вие. Не е предвреме министре. Време е ! Време е и вие и вашата влада да си заминете еднаш засекогаш.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Најгоре