И целата естрада да ја донесете, нема да може да ги прекриете предавствата

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Иван Јорданов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани сограѓани,

На лагите и манипулациите на СДСМ им нема крај.

Македонија не доби ниту препораката за ЕУ, ниту безусловна препорака за НАТО. Но, и покрај ова, и покрај депресијата која што владее, поразите, криминалите, како и коруптивните скандали на дневна основа, владата на СДСМ одлучи да троши народни пари организирајќи скапи еуфорични прослави, за да се претстават лошите предавнички политики како победи.

Почитувани Социјалдемократи,

Моралот и одговорноста одамна исчезна од вашите глави.

Се лажете ако мислите дека народот пак ќе ви поверува.

Овој пат сте прочитани, граѓаните се мудри и можат да проценат што е вистина, а што лага.

Господа од власта,

И цела естрада да ја донесете, и сите пари на свет да ги потрошите нема да можете да ги прекриете предавставата, гневот и револтот на народот, нерасчистените убиства како и сиромаштијата која што владее.

Поврзани вести