Вели дека во тој случај протестите би биле насилни.

-Сега се стишија. Гледате некој во Грција да протестира против Договорот? Тоа е така зашто луѓето се задоволни, зашто луѓето ги заштитија нивните национални интереси. Кај нас е проблемот, рече Мицкоски.

Вели дека на Самитот на НАТО се случи истото што се случи и во 2008. Година

-Погледнете го заклучкото од 2008. и сега. Велат „решето го спорот со Грција, сменете го Уставот, сменете го името“, посочи Мицкоски, потенцирајќи дека Македонија се уште нема добиено покана за влез во НАТО, туку оти ќе добие кога Договорот со Грција ќе влезе во сила.