Декларацијата за приклучување на Република Македонија во НАТО не е ништо ново

Интегрален текст од изјава за медиуми – Драган Данев, Пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија

Почитувани,

Во однос на Декларацијата за приклучување на Република Македонија во НАТО, би сакал да нагласам дека оваа декларација не е ништо ново.

Секогаш вакви декларации и  резолуции со кои се поддржува влезот на Република Македонија во Европската Унија и НАТО се носеле со консензус од сите политички партии како надпартиски документ.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш ги поддржувало, ги поддржува и ќе ги поддржува во иднина. Впрочем првата Декларација за влез на Република Македонија во НАТО Алијансата е поднесена далечната 1993 година токму од ВМРО-ДПМНЕ и изгласана со консензус од сите политички партии во Собранието на Република Македонија во тој период.

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...