ЗОКИ, ДРУГАРЧЕ, НЕМОЈ

Колумна на  Димитар Димовски, Член на ИК на ВМРО – ДПМНЕ за Курир

 

Не знам дали Заев внимателно ги слушал (како што најави) и ги запишал пораките (како што му препорачав) од протестот кој се одржа пред неговото привремено работно место, Владата. Но, знам дека тие пораки се испратени на разбирлив, МАКЕДОНСКИ јазик, не на туѓ, од повеќе од 60.000 лично присутни МАКЕДОНЦИ. Македонци од Република Македонија, не од северна, горна, долна, лева… Овој народ јасно покажа дека му е важна татковината, дека е против нејзиното уништување и понижување. Дека е против предавничките политики на актуелната власт.

Народот порача – не сакаме промена на Уставот и промена на Уставното име на Република Македонија. Не сакаме туѓ идентитет, туѓ јазик и туѓо писмо. Си го сакаме своето, си го сакаме она кое ни го оставиле нашите татковци, а на нив им го оставиле нивните татковци, дедовци… Запиши си го ова на едно пусулче и носи го секаде со себе. Како амајлија. И постојано читај го, да ти биде пред очи. Оти тоа е најважната порака која ти беше испратена.

Народот покажа сериозна сплотеност, зрелост и мотивираност и дека е тука кога е во прашање татковината. Овој народ си ја сака сопствената држава. И не сака „кумови“ и „девери“, а уште помалку сака некој да го понижува неговото достоинство, неговата гордост и чесност. Велам народот, без да правам поделби на наши и ваши, на македонци и немакедонци, бидејќи поддршката на протестот, не само од присутните, туку стигна од сите страни и од огромен број луѓе, кои припаѓаат кон едните или кон другите, кои по вероисповед се христијани или муслимани или пак се атеисти. Овој народ ќе бара одговорност за секое злодело, а најмногу доколку се случи предавство!

На крај, претседателе на Владата, ќе се обидам да ти се обратам пријателски, на лесно разбирлив јазик, како некој што лично го познаваш, некој што порано многу пати ти подал рака и си го почитувал. Зоки, другарче, немој. Врати се чекор назад. Раскини го договорот со душманите. Нѐ не носи сите во провалијата од која нема да излеземе повеќе на површина. Од живата кал во економијата во која не внесувате, од лагите и од осиромашувањето, ќе излеземе некако, со многу труд, со работа, со желба, со чесност. И белата чума ќе ја искорениме. Но, ако сега ја турнеш Република Македонија во провалијата на обезличувањето и обезкоренувањето, нема никогаш повеќе да можеме да ја повратиме. Не постои начин. Ќе направиш од нашиот народ крпа за бришење. Ќе ни го сотреш семето и ќе ни ги уништиш поколенијата. И моето, и на моите блиски, но и твоето и на твоите блиски. Не ги прави да бидат луѓе без корен, без огниште, без свој дом. Не ги обезличувај нашите поколенија. Остави ги да бидат тоа што се – Македонци!

М-р Димитар Димовски

Член на ИК на ВМРО – ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...