На Заев не му е грижа за името на државата

Соопштение до јавноста-  реакција на интервјуто на Зоран Заев дадено за британската телевизија Би-Би-Си

Зоран Заев мора да си замине од премиерската функција. Зоран Заев веќе нема никаков кредибилитет да ја претставува Република Македонија кога не почитува ништо македонско.

„Кому му е гајле како ќе биде новото име на државата“. Ова е ставот на Зоран Заев искажан во интервју на Би-Би-Си. Како и секогаш, Заев своите вистински ставови ги кажува во странство, додека дома продава празни флоскули за добробит од капитулацијата.

 – Кому му е гајле потоа, дали некој ќе не викаат Северна Македонија или Јужна Македонија, официјално ние ќе бидеме Северна Македонија. Се што ќе биде државно ќе биде ословувано со новото име. И тоа е дел од договорот и ќе го исполниме, заклучува Заев за британскиот јавен сервис.

На Заев не му е грижа ниту за македонскиот идентитет, ниту за македонската историја, ниту за македонскиот јазик, ниту за македонската државност изразена преку Уставот на Република Македонија. Тој е повеќе загрижен за грчките интереси и тоа редовно го признава пред сите странски медиуми.

Заев за Би-Би-Си признава дека прифатил се’ поврзано со антимакедонскиот сет грчки барања, па вели „Имаше еден вид на црвени линии, како што се да имаме ново име, истото да биде со географска одредница и да биде за севкупна употреба, внатрешно и надворешно“. Заев ги прифати грчките црвени линии, но македонските црвени линии ги изгази и со тоа жртвуваше се што до сега значеше македонска гордост.

Точно е дека преку 75% проценти од граѓаните на Македонија се за ЕУ и НАТО интеграции, но целиот македонскиот народ е против бришењето на името Република Македонија, против промени во Уставот и против било какви додавки во јазикот или националноста. Идентитетски одредници кои и досега беа чисти.

Ставањето на знак еднаквост меѓу двете прашања е уште една манипулација на Заев со која што се обидува да ги прикрие неспособноста и криминалното богатење на картелот на власт.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...