Наместо живот, Заев и криминалниот картел донесоа насилство, убиства, закани и уцени

Соопштение до јавноста

Република Македонија го допре дното и на економски и на политички и на безбедносен план.

Безбедноста во главниот град на државата е загрозена, а криминалните вооружени пресметки се секојдневие и низ останатокот од државата.

Наместо живот, Заев и криминалниот картел донесоа насилство, убиства, закани и уцени.

Десетици убиства сред бел ден повеќе од една година се неразјаснети, а институциите наместо да работат согласно законите, се ставаат во заштита на криминалот.

Уште колку млади животи треба да бидат загрозени за Спасовски да понесе одговорност за хаосот што го креира?

21 годишниот Никола Саздовски го загуби својот живот, откако беше брутално нападнат на автобуската станица во Автокоманда.

Спасовски пред медиумите на СДСМ правеше спектакуларни прес конференции за неиспрано возило, а око не му трепнува за прерано загубениот млад човечки живот.

Тоа е лицимерието и двојните стандарди на СДСМ.

Додека во државата владее безредие и хаос, економијата тоне, а граѓаните стануваат се посиромашни. Зад Зоран Заев стои само еден проект, а тоа е уништување на се што е македонско.

Тој ја запечатува судбината на државата и го менува името за кое генерации и генерации се бореле и го дале животот за идејата за своја држава. Со еден збор во неговата агенда стои само уништување на Македонија како на меѓународен така и на домашен план. Се надева дека до распродавањето на највисоките државни и национални интереси ќе го покрие криминалот и неспособноста.

Економијата повеќе од една година е во целосен колапс. Платите паѓаат, а цените растат. Државниот завод за статистика потврди дека цените на мало во јуни оваа година се повисоки за 2.8% од јуни минатата година, додека трошоците за живот во истиот период за 1.4%.

Главниот мотор на економијата, градежништвото кое со себе носи 20 гранки е во слободен пад од 37 проценти. Имаме нула раст на БДП, а откако СДСМ е на власт горивото се покачи за 30 проценти. Земјоделците се принудени да го фрлаат својот производ на буниште, затоа што државата не успева да обезбеди пласман и сигурен откуп.

Наместо животот кој што го ветуваше, Заев донесе донесе чемер и јад.

Со СДСМ на власт животот на граѓаните е полош од било кога. Со СДСМ и Зоран Заев граѓаните се понижени и изневерени.

Граѓаните не се должни да живеат во страв и насилство и затоа ова мора веднаш да престане.

Македонија и нејзините граѓани заслужуваат подобро.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...