СДСМ ја уништува Република Македонија, безбедноста е нарушена, луѓе се убиваат по улици, а одговорност нема за никого

Соопштение до јавноста

СДСМ ја уништува Република Македонија. Државата тоне како на меѓународен така и на домашен план. Безбедноста е нарушена, луѓе се убиваат по улици, а одговорност нема за никого. Власта е нема пред криминалците. Власта е најголемиот криминалец.

Десетина убиства сред бел ден повеќе од година дена се неразјаснети. Правосудните органи не работат според закон, туку според потребите на криминалците. Квалификацијата на делото за убиството на младиот Никола Саздовски како насилство е недозволиво и одраз на заробената држава.

Додека во државата владее безредие, додека Заев ги распродава државните интереси, граѓаните се се посиромашни.

Економијата повеќе од една година е на нула. Градежништвото, нејзиниот главен мотор е во слободен пад од 37%, а со него во пад се и 20-тина сврзни гранки.

Земјоделието е во катастрофална положба. Во услови на зголемена светска побарувачка на храна во Република Македонија земјоделците го фрлаат својот производ на буниште, затоа што државата не успева да обезбеди пласман и сигурен откуп, иако тоа од опозиција го ветуваше.

Животот никогаш не бил потежок од денес. Платите паѓаат, а цените растат. Државниот завод за статистика потврди дека цените на мало во јуни оваа година се повисоки за 2.8% од јуни минатата година, додека трошоците за живот во истиот период за 1.4%.

Горивата редовно се покачуваат откако е СДСМ на власт бележат над 30% покачување.

Животот е полош од кога било. Со СДСМ на власт добивме само чемер и јад. Со СДСМ на власт државата тоне, економски, безбедносно, морално, меѓународно, буквално на секое поле. Република Македонија е понижена, а граѓаните изневерени.

Хаосот мора да запре. Стагнацијата не смее да продолжи. СДСМ мора да си замине. Република Македонија заслужува подобро.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Најгоре