Ова лето го посветуваме на Македонија, 1500 тима ќе ги посетат домаќинствата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најавува работно лето, односно „Лето за Македонија“.

Тој во „Топ тема“ на Телма ги откри деталите.

-1500 тимови на ВМРО-ДПМНЕ ќе допрат до секој дом, ќе се обидеме да ги прикажеме политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе се обидеме на граѓаните да им ги сублимираме сите погрешни политики од страна на оваа Влада предводена од СДСМ и од Зоран Заев. Ќе се обидеме да собереме што е можно повеќе сојузници во нашата борба за зачувување на националното достоинство, националниот идентитет, националната гордост. Сите тие имаат цел која треба да ја исполнат, обуките започнуваат овој викенд. ВМРО-ДПМНЕ во минатото покажало во многу наврати дека е државотворна партија, така и овој пат, партија која поседува сериозен човечки капацитет и интелектуален потенцијал, истакна Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави и нови протести.

Поврзани вести