Mинистерот Љупчо Николовски во две реченици се демантира самиот себе

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Љупчо Николовски

Mинистерот Љупчо Николовски во две реченици се демантира самиот себе.  Прво вели дека штетите не се големи, а веќе понатаму дека комисиите се уште не ја утврдиле штетата. Тоа значи  дека комисиите нема да работат според теренскиот увид и реална проценка туку по негов налог.

Повторно Николовски лицемерно вели дека се грижи за земјоделците, а во исто време ја укинува ставката за помош на земјоделците за осигурување во измената на програмата за земјоделство и рурален развој, од милијарда и сто милиони на илјада денари и со тоа директно учествуваше во спречување на земјоделците да ги осигурат своите насади и посеви. Претходната влада со тие средства покриваше 60% од трошоците за осигурување.

Зборува за систем на градобијна заштита, а заборавил или бил премногу млад за да знае дека истиот систем го уништија неговите постари колеги од СДСМ во време на нивното владеење.

Зборува за тоа дека откупот на бостанот одел добро и биле откупени околу илјада тони.

Господине министре не ги замајувајте земјоделците одговорете на прашањето дали е точно дека до сега е увезено шест и пол илјади тона бостан, а извезено само две и пол илјади тона и со тоа директно е влијанието на ниската откупна цена. За ваше потсетување во 2016 година Република Македонија извезе 11 илјади тона бостан. Бројки за кои вашата квислиншка влада може да сонува.

Уште еднаш ја повторуваме констатацијата дека најголема елементарна непогода сте вие и вашата влада, и најдобро за земјоделците е да си заминете што поскоро.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...