Ветувам дека ќе се бориме за богата, економска просперитетна и горда Македонија.

Интегрален текст од говор на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Секоја генерација студенти која што поминала во клупите во факултетот кај мене оставила посебен белег во моето сеќавање. Но она што мене ме прави секогаш тажен е никогаш потоа таа генерација не можам да ја видам комплетна.

Најголемиот дел од тие мои студенти за жал ја напуштија оваа држава. Она за тоа што ние ги учевме, она за што ние ги обучувавме не можеме како Македонија да го користиме за жал. Ја напуштија Македонија и сега своето парче леб, својата кариера, својата професионална наобразба за жал ја градат во некоја туѓа земја. Јас сум бил таму и сум се вратил. Само тука можеме да се чувствуваме свое на своето. Тоа и на нив им го викам.

И денеска и оваа последна генерација студенти која што ме гледа на часовите кога разговараме во неформален амбиент се разбира, викаат ваква безидејност, ваква апатија никогаш не било во Македонија. Не излажаа,  не изневерија. Ветуваа живот донесоа чемер и јад. Мора човек да им даде верба дека единствениот мотив во кој што треба да веруваат и за кој што треба да се борат се вика Македонија и мора тука да останеме.

За жал браќа и сестри мојот сон и сонот на мојата генерација можеби не успеа да се досонува. Но ви ветувам дека се бориме за богата, економска просперитетна и горда Македонија.  Македонија ќе победи, не заборавајте.

Подготвуваме програма, имаме план, знаеме  како и тоа сме го докажале многу пати во минатото, а ќе го докажеме и сега.

Уште еднаш на крај би сакал од мое  име, од името на Извршниот и Централниот Комитет  на партијата и од името на сите добронамерници да ве поканам масовно на 2 јуни, во 20 часот да се собереме што е можно повеќе пред платото на Владата на Република Македонија и симболички да одбележиме една година од чемер и јад кој што надвиснал над нашата татковина со еден голем и најмасовен протест во Република Македонија.

Тагови: , , , , , ,

Поврзани вести

Најгоре