Тевдовски работи на економски пропаст на Република Македонија

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Драган Тевдовски

Наместо на празни политички флоскули и јавни настапи, Тевдовски треба да се фокусира на подобрување на енормно влошената економска ситуација во државата и остварување на своите предизборни ветувања кон гласачите. Граѓаните од Тевдовски се уште очекуваат да им бидат вратени 15 % ДДВ, просечна плата од 500 евра, плата на лекарите од 100.000 денари, 600 километри автопат, покачување на платите и пензиите и социјална помош од 12.000 денари.

Наместо да донесе економски просперитет во државата, Тевдовски работи на економски пропаст на Република Македонија. Тој е директно одговорен и за штетата по семејните буџети што ја предизвика зголемувањето на акцизата за дизел горивото.

Тевдовски продолжува со лагите и манипулациите, нивото на јавниот долг, наспроти тврдењата на Тевдовски, е далеку од можноста истото да биде стабилизирано во услови кога задолжувањата на владата продолжуваат. Расипничката влада предводена од СДСМ за само три месеци од новата година ги задолжи граѓаните за неверојатни 300 милиони евра, а јавниот долг ја надмина психолошката граница  од 5 милијарди евра, додека пак државниот долг ја помина границата од 4 милијарди евра.

 Економското цунами Заев – Тевдовски – Анѓушев ја турка државата кон должничко ропство. Цената која треба да ја платат македонските граѓани за новите задолжувања е огромна, со оглед на поволните околности на меѓународните финансиски пазари.

Тевдовски го глорифицараше задолжувањето преку издавање на 30 годишна обврзница со каматна стапка од близу 6 %, но јавноста треба да ги има во превид дека оваа обврзница е со девизна клаузула. Споредено со цената што ја плаќа Словенија за слична ваква обврзница, видливо е дека каматната стапка што ја плаќа Владата на Заев е двојно повисоко од таа што ја плаќа Словенија. Тоа значи дека меѓународните кредитори немаат доверба во финансиската стабилност на Македонија и можноста на државата да ги врати своите долгови.

Оваа обврзница е речиси целосно абсорбирана од страна на приватните пензиски друштва, кои наместо да ги пласираат средствата во акции на претпријатијата и на тој начин да придонесуваат за раст на нашата економија, тие инвестираат во државни обврзници. Што значи дека комплетно е промашена и целта на задолжувањето.

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Тагови: , , ,

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...