СДСМ се однесува кон општина Центар како да е нивна приватна фирма

Интегрален текст изјава за медиуми на Јулијана Димески, советник во Советот на Општина Центар

Почитувани,

Помеѓу 35-44 лица во периодот од 2015 и 2016-та година биле ангажирани преку Агенција за привремени вработувања во Општина Центар кои директно се плаќале со пари на граѓаните. Ваквата состојба ја има констатирано Државниот завод за ревизија каде експлицитно се вели дека ова не е во согласност со одредбите од член 4 од Законот за агенциите за привремени вработувања. Тоа е овој документ.

Ревизорскиот извештај покажува дека само во 2016-та година во владеењето на Андреј Жерновски се исплатени 16.686.000 денари или околу 271 илјади евра пари на Центарци.

Државниот завод за ревизија констатирал дека цитирам: отстапените работници на општината од страна на Агенцијата не се ангажирани за замена на привремено отсутен работник, привремено зголемен обем на работа,с езонска работа, работа на проекти, неспецифични неконтиунирани работи и непредведени краткотрајни активности туку за вршење на редовни работни задачи предвидени со Правилникот за систематизација на работните места, а дел од нив се поставени на раководни работни места.

Исто така Државниот завод за ревизија констатирал дека привремените вработувања не се во согласност со законот, укажуваат на намалена транспарентност при вработувањето, субјективност во изборот на лица и повластената положба на нивното ангажирање.

Почитувани,

Ова е доказ дека СДСМ се однесува кон Општината како да е нивна приватна фирма.

Го прашуваме градоначалникот Саша Богдановиќ кои се овие луѓе, како се избрани, по кој критериум со какви работни обврски и зошто општината има потреба од толкав број на луѓе за кои нема потреба од нивно ангажирање.

Исто така сакаме да прашаме дали некој ќе понесе одговорност за кршење на законот и за ваквиот начин на вработување.

Истовремено сакаме да ја повикаме трудовата инспекција и сите надлежни служби да го проверат начинот на вработување во Општина Центар.

Тагови: , , , , ,

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...