Никој не верува дека Зоран Заев е невин

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Ниту во СДСМ, ниту кој било граѓанин верува дека Зоран Заев е најчесниот човек во Македонија. Никој не верува дека Заев е невин, а сведокот во случајот Поткуп лажел дека Зоран Заев му барал мито од едно евро за Вице, едно евро за партијата и едно евро за црквата. Напротив, целата јавност и со свои очи виде како Зоран Заев бара пари.

Денес сите видоа на дело како СДСМ подразбира право и правна држава. Денес се случи по втор пат Зоран Заев да биде амнестиран за очигледен криминал. Ниту транспарентност, ниту правда се случи денес, туку еклатантно потценување на македонската јавност.

Денес е црниот ден за македонското судство кога судиите при уши и при очи се прават слепи и глуви пред класичен криминал. Двојните аршини се тоа кое што Заев како предводник на Советот за реформи во судството успеал да го спроведе. Ова е јасна порака до целиот народ дека од денес ниту едни закони нема да важат за функционерите на СДСМ , а за сите други граѓани ќе има неправда и политички прогон доколку се дрзнат да се противат на Заев и СДСМ.

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Тагови: , , ,

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...